Економист: Балканците со аеродромите ги лутат соседите

од desk2
81 прегледи

Британскиот неделник „Економист“ во еден напис се занимава со феноменот на новите имиња на аеродромите на Балканот.

Во текст со наслов „Терминали со став: Преименувања на балканските аеродроми со цел нервирање на соседите“ се наведува дека „ширум Балканот се градат нови аеродромски теминали и се именуваат на таков начин за да ги вознемират соседите“.

„Економист“ тврди дека „играта околу именувањето на аеродромите ја почнале Грците со тоа што аеродромот во Солун во 1992 година го преименувале во Македпнија“.

„Грција и Македонија се во спор од прогласувањето на македонската независност во 1991 година. Грција вели дека името Македонија имплицира територијална претензија кон делот на историската Македонија која се наоѓа во Грција. Македонците возвратија во 2007 година со промена на името на аеродромот во Скопје во „Александар Велики“, по освојуваќот од периодот на античка Грција кого двете земји го сметаат за свој. Сепак, новата влада на Македонија сака да ги подобри односите со Грција, па можна е нова промена на името“, пишува во написот.

Дека не е далеку од вистината потврдува фактот што пред некој дена Дипломатскиот клуб Скопје предложи ново име за аеродромот, „Киро Глигоров“ по поранешниот македонски претседател, што пак на премиерот Зоран Заев му се допаѓа, но вели дека народот треба да одлучи за тоа.

„Футуристучки нов објект е отворен во март во Загреб, хрватската престолнина. Преименуван е по Фрањо Туџман, таткото на хрватското движење за независност. Тој водеше жестока битка против хрватските Срби, кои Србија ги поддржува и кои створија отцепена српска република на третина од хрватската територија која беше со краток век. Повеќето Срби во 1995 година се протерани од Хрватска“, пишува во написот.

„Економист“ наведува дека „меѓу жртвите на тоа етничко чистење биле и роднините на најпознатиот Србин во светот, Никола Тесла, пронаоѓачот.

„Тесла е Србин роден 1856 година на територија на она што денес се нарекува Хрватска, но емигрирал во Америка и Србите и Хрватите го сметаат за свој. Од 2006 година белградскиот аеродром го носи името по него, што на некои Хрвти им пречи“, стои во текстот.

Познатиот економски неделник има уште примери.

„По 18 години од завршувањето на војната во Косово и понатаму може да летате од „Никола Тесла“ на „Адем Јашари“, во чија чест приштинскиот аеродром го носи името од 2010 година. Јашари беше еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, кој настрада заедно со десетици членови на поширокото семејство по српската опсада на неговото засолниште во 1998 година. Денес тој е херој на косовските Албанци, а за Србите – ѓавол“, пишува весникот.

Сепак, наведува дека некои имиња не се променети.

„Во Босна, сараевскиот аеродром и понатаму е само „Сараево“ како и претходно. На обидот од 2005 година за преименување во „Алија Изетбеговиќ“, по воениот водач на босанските муслимани, вето стави меѓународниот проконзул Педи Ешдаун. Подгорица и понатаму има аеродром „Подгорица“, освен на ознаката за багажот. Таму и понатаму стои ТГД, потсетување на времето кога црногорската престолнина го носеше името Титоград по Јосип Броз Тито, југословенскиот лидер кој умре 1980 година“, заклучува „Економист“.