Експертите шокирани од предлогот на Трамп за лекување од коронавирусот: „Не можам да сфатам дека овој идиот ја има највисоката функција во земјата“

од Nikola Popovski
271 прегледи

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за лекување од коронавирус со инјектирање средства за дезинфекција ги шокираше медицинските експерти кои предупредуваа на фаталните последици од ваквиот предлог.

Трамп ги запрепасти лекарите со предлогот да испитаат дали може да се лекуваме од вирусот со вбризгување на средство за дезинфекција во организмот и зрачењето со УВ зраци, пренесува Гардијан.

На состанокот на Работната група во Белата куќа за коронавирусот вчера, американскиот претседател разговарал за нова владина студија за тоа како вирусот реагира на различни температури и површини.

Тој посочил дека средството за дезинфекција го уништува вирусот во рок од една минута и дека постои начин да се направи нешто слично со болеста, како што е вбризгување во организмот.

„Ова ми звучи интересно, затоа треба да го проверам“, рече Трамп.

Советникот за коронавирус во Белата куќа, д-р Дебора Беркс, останала „без зборови“, а социјалните медиуми биле преплавени со реакции, почнувајќи од потсмев до огорченост кон Трамп, чии предлози упорно им пркосат на науката.

Неколку лекари ја предупредиле јавноста да не инјектира средства за дезинфекција и да користи УВ светлина.

Роберт Раџих, професор на Универзитетот Беркли во Калифорнија и поранешен секретар за труд, на Твитер напишла: „Состаноците на Трамп активно го загрозуваат здравјето на јавноста. Бојкотирајте ја пропагандатс. Слушајте ги експертите. И ве молам, не пијте средства за дезинфекција“.

Волтер Шауб, поранешен директор на Кабинетот за етика на владата, додал: „За мене е несфатливо дека моронот како овој има највисока функција во земјата и дека има луѓе доволно глупави да мислат дека тоа е во ред. Не можам да поверувам дека во 2020 година морам да предупредувам дека секој што го слуша предлогот на претседателот може да ве умре“.

Трамп веќе се најде под сериозни критики за промовирањето на хидроксихлорокинот, лекот за маларија, како терапија против коронавирусот.

Истражувањата не докажаа дека лекот е корисен, а владиниот експерт за вакцинирање потврдил дека бил отпуштен поради напорите за ограничување на неговата употреба.