Експлозија на пандемијата во САД: На секои 33 секунди умира по едно лице

од Nikola Popovski
196 прегледи

САД ја преминаа границата од 18 милиони заразени со коронавирус во понеделникот, со повеќе од 319.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“.

САД, најтешко погодена земја во светот во апсолутна смисла, се борат со епидемиска експлозија. Тие имаат точно 18.006.061 корона-случаи во понеделникот вечерта. Новата граница била надмината во времето кога започна кампањата за вакцинација во земјата, по итното одобрување на вакцините Фајзер / Бионтек и Модерна, пренесуваат агенциите.

Минатата недела повеќе од 18 000 луѓе починаа од Ковид-19 во САД, што значи дека на секои 33 секунди некој умира од болеста.

За да даде пример и да ги смири луѓето што се сомневаат во нејзиното дејство, новоизбраниот претседател Џо Бајден (78) во понеделникот ја доби првата доза на вакцината против коронавирус пред телевизиските камери. Потпретседателот во заминување Мајк Пенс, исто така во јавноста и неколку високи претставници на американскиот Конгрес, беа вакцинирани во петокот.