Три лица загинале при експлозија на плинска боца во куќа во кумановското село Романовце.

Според првичните информации од МВР, несреќата се случила денеска претпладне при што три лица починале на лице место, а шест завршиле со тешки повреди.
Тие биле префрлени во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите ќе бидат однесени во Ургентниот центар во Скопје.
Во моментов увид на терен прават јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.