Електродистрибуција да ги чита струјомерите 4 пати годишно

од Берта Китинска

Електродистрибуција мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите. Според сегашната регулатива, тоа има обврска да го прави еднаш годишно, беше денеска кажано на прес-конференцијата на Народниот правобранител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

– Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати, рече Бислимоски.

Слични содржини