Емери: Не знам дали Чех има иднина во Арсенал

од desk2
157 прегледи

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери не знае дали голманот Петр Чех ќе остане во тимот следната сезона.
Триесет годишниот голман го загуби своето место во првиот тим оваа сезона.


– Не знам дали Чех има иднина во Арсенал. За ова треба да одлучи клубот и играчот. Ја започна сезоната многу добро. Потоа се повреди. А веќе се врати на клупата за резервни играчи, изјави Емери.
Чех е во Арсенал од 2015.