Емили Блант ќе направи пауза од актерството

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Емили Блант (40) откри дека ќе паузира една година од снимањето за да помине повеќе време со семејството. Блант и нејзиниот сопруг Џон Красински имаат две деца Хејзел (9) и Вајолет (7), а парот неодамна ја прослави 13-годишнината од бракот, пренесува „Дејли Мејл“.

Актерката неодамна се појави на премиерата на филмот Oppenheimer, а подоцна откри дека ќе направи пауза од актерството.

„Оваа година нема да работам. Работев многу минатата година, а моето најстаро бебе веќе има девет години, па последен пат сме едноцифрени“, изјави таа во подкастот „Table for Two“.

„Чувствувам дека има важни работи во нивните животи додека се вака мали“, додаде Блант и објасни дека се работи за мали, но големи работи, како што се заедничко будење, подготовка за училиште…

„Треба да бидам тука за нив, го чувствувам тоа“, рече таа.

Актерката откри и како семејството ги поминува утрата заедно.

„Вдомивме куче кое е прекрасно. Јас не бев за тоа, но децата инсистираа и Џон се согласи. Не ми е проблем да станам рано наутро поради кучето затоа што јас и Џон го користиме тоа време за да разговараме пред децата да се разбудат“, рекла таа.

Блант и Красински живеат заедно со децата во Бруклин, а соседи им се Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана Баросо.

„Сите станавме пријатели кога тие се доселија, заедно ручаме во недела, а и нашите деца се дружат“, откри Емили.

Слични содржини