Емили Блант открива: „Ако ги видам овие 4 зборови во сценарио – ја одбивам улогата“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Емили Блант ги откри четирите зборови поради кои веднаш одбива да игра во филм.

Емили вели дека ако го види терминот „силна женска главна улога“ во сценарио, веднаш ја одбива понудената улога.

„Најлошото е кога ќе го отвориш сценариото и ќе ги прочиташ зборовите „силна женска главна улога’. На тоа веднаш превртувам со очи и се откажувам. Таквите улоги ми се досадни. Во тие улоги цело време глумите грубост и изговарате ‘груби’ зборови“, изјавила Блант за „Телеграф“.

Наместо тоа, вели актерката, претпочита повеќе мистериозни улоги.

Инаку, Блант глуми во најновиот хит на Нетфликс, Pain Hustlers. Иако филмот нема висока гледаност, критичарите едногласно ја пофалија Блант во улогата на Лиза Дрејк.

Слични содржини