ЕМОТИВНА СРЕДБА: Го пронајде киднапираниот син после 58 години (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кога Кинезот Фу имал две години, тој бил киднапиран на железничката станица и дури овие денови, по 58 години, повторно го пронашол својот татко Лу (90).

Фу, кој сега има 60 години, се сретнал со својот татко во градот Заожуанг, во источната провинција Шандонг, а локалните власти објавија снимки од нивната трогателна средба.

Само што влезе низ вратата, Фу потрча кон својот татко, го прегрна во солзи и падна на колена.

Лу, како што е наведено, го изгубил од видик својот син во 1963 година во областа Суеченг, додека чекал воз. Тој рече дека во еден момент го држел за рака, но го пуштил накратко, сепак, по неколку минути видел дека детето не е таму. Се верува дека Фу бил киднапиран од шверцери на луѓе кои го однеле во Шангај каде го посвоила двојка.

Семејството го бараше со години преку медиумите, но без успех.

Во 2015 година, Секторот за јавна безбедност на Заожуанг започна специјална истрага за овој случај користејќи модерна ДНК анализа, а потрагата беше проширена и во другите кинески провинции.

ДНК-анализата покажа поклопување на 1 јуни, а една недела подоцна, таткото и синот конечно се сретнаа по 58 години.

Фу истакна дека неговите посвоители му рекле дека го посвоиле во Шангај, но дека не знаат ништо повеќе за неговото минато.

Слични содржини