На 90 години светски композитор ќе направи “една последна обиколка на патеката” со проштален концерт во Париз.
Концертот е предвиден за 23 ноември во париската Арена, а списанието “Пари меч” објави напис во кој самиот диригент раскажува за себе, за музиката и компонирањето, за луѓето со кои работел во текот на годините – вклучувајќи и режисери.
“Професијата ми е композитор. Кога одам на сцената, секогаш сум многу нервозен, многу загрижен за деталите. До толку што немам диригирано друга, освен сопствената музика. Но во целина не морале да се жалат, настапите често се совршени”, вели диригентот. “Понекогаш гледам на друго место. Но, тоа е затоа што се уште и секогаш слушам музика во главата. Мојата, онаа на другите. Најлошото е што сум убеден дека музиката е целосно бескорисна и дека е порок. Бидејќи таа трае толку долго и треба да пропуштите многу други работи за неа “.
“Работев главно со Италијанците и Американците”, вели Мориконе за режисерите. “Така што немам точна претстава за француските режисери. Но имав само пријатни искуства. Јас сум многу горд, особено дека ја компонирав музиката на” La cage aux folles “, важен филм за своето време. Работев многу со Анри Вернеј. Сеоткажав само за неговиот најнов филм, зашто ми побара ориентална музика. Бидејќи ова не е мојата култура, јас не се чувствував на ниво “, прецизира музичарот.
“Не сакам да бидам под влијание на режисерот. Го читам сценариото и не сакам да расправам со него, пред да помислам на свој идеи. Потоа може да дебатираме, дури и цврсто да опстојуваме на идеи. Можам да прифаќам мали промени, задржувајќи го мојот идентитет на композитор. Ако, од друга страна, не наоѓаме прифатлива согласност што ќе е достојна како за мене така и за режисерот, тогаш сакам да го отфрлам проектот. Но, тоа многу ретко се случува. Секогаш успеваме да најдеме пријателско решение “, прецизира Мориконе , објаснувајќи како ја составува музиката.
Со Тарантино никогаш не сум комуницирал тешко. “Лес хит салопарди” на Квентин Тарантино (омразената осумка) го донесе првиот Оскар за Енио Мориконе. “Едвај некогаш сум контактирал со него. Квентин Тарантино имаше доверба во мене. Тој дојде во Рим и рече” да “на сè што му предложив. Што се однесува до наградата” Оскар “, не знам што се случило во главите на жирито, но можеби тоа беше начин Академијата да се извини дека не ми го даде за “Mission” / “Мисијата” /.
За музиката Мориконе смета дека таа е интернационална. “Тоа не значи италијанска музика. Музиката е интернационална. Нема бариери или потекло. Само слушајте го пеењето на птиците за да дознаете. “