ЕП може да испрати инспекција во Бугарија за трошење на средствата на ЕУ

од Берта Китинска

Европскиот парламент (ЕП) може да испрати во Бугарија инспекција за тоа како се трошат европските пари.

Ова стана јасно за време на последниот состанок на Комитетот за контрола на буџетот

На него, исто така се дискутираше и за санкциите што ги воведоа Соединетите држави против бугарските граѓани според Законот за Магнитски.

Претставниците на сите политички партии изразија став дека без оглед кој владее, обвинувањата за злоупотреба треба да се испитаат.

Земјоделството, се наведува, е еден од проблематичните сектори за злоупотреба на европските пари.

Според ОЛАФ, минатата година службата им препорача на бугарските власти активности во 7 случаи на прекршоци во вкупна вредност од 35 милиони евра од ЕУ.

Слични содржини