Заштитата на човековите права е приоритетна задача – тоа се вели во заедничката изјава на претседателот на Комисијата за надворешни работи на ЕП Дејвид МекАлистер, претседателот  на Поткомитетот за човекови права Пјер Антонио Панцери и претседателот на делегацијата на ЕП за парламентарната соработка меѓу ЕУ и Русија – Омар Карас.

Причината за објавувањето е отворањето на Светското првенство во фудбалот.

Документот кој беше објавен денеска нагласува дека ” Русија постојано има негативна ситуација со човековите права, вклучително и за време на подготовките за Светското првенство во 2018 година”.

Тројцата политичари ги посочуваат како сериозни прекршувања тешките ограничувања во слободата на медиумите , затворањата на новинари и опозиционери во руските затвори, заплашувањето на заштита на човековите права и други противници на власта.

Големите спортски настани треба да ни дадат причина да размислуваме за промените, велат  авторите .

“Ги повикуваме меѓународните организации да наметнат почитувањето на човековите права, како што е запишано во нивните статути – како при изборот на домаќин на голема спортска манифестација, така и за време на нејзиното организирање. Повикуваме исто да се подобри транспарентноста и да се зајакнува соработката со независните медиумите и граѓанското општество “. – се вели во обраќањето на Европскиот парламент.