Епидемијата полека стивнува, затворени неколку ковид-центри во земјава

од Берта Китинска
336 прегледи

На полноќ стапува на сила ограничувањето во движењето и ќе трае до 4 часот изутрина. Со одлука на Владата во вторникот, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18 мај.

Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Надлежните велат дека  новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се  врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела.

Поради намалениот број пациенти со Ковид-19 од вчера изутрина се затворени ковид – центрите во неколку клиники во Скопје и дел од капацитетите за ковид пациенти во болниците во другите градови. Затворени се ковид – центрите на клиниките за кардиологија, за ОРЛ, за очни болести и Институтот за физикална терапија.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.

Слични содржини