Eпидемијата со ковид се стабилизира, но опасноста се уште е меѓу нас

од Берта Китинска

Кривата на новозаразени од Ковид 19 продолжува да паѓа.Но, опасноста се уште е меѓу нас, посебно да бидат внимателни следните две недели. Да се почитуваат мерките и препораките за претстојните празнични денови, изјави министерот за здравство Венко Филипче.Вчера беа регистрирани 758 нови случаи со ковид, а починаа уште 26 лица.

Мали мутации на ковид се откриени во лабараторијата на МАНУ

Многу пати до сега беше констатирано во лабораториски услови мутација на вирусот. И кај нас, во нашите анализи кои што ги лабораторијата во МАНУ има констатирано некои мали мутации. Оваа мутација за која објавија медиумите која е откриена во Велика Британија е практично мутација во повеќе делови на структурата на вирусот посебно во длеот кој што се врзува со клетката домаќин, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на прашање.

Сепак, според неговите сознанија, тоа воопшто нема никаква улога во однос на ефикасноста на вакцината.

Владата ја дополни одлуката

Владата ја дополни одлуката за спречување на ширењето на КОВИД-19 со обврска за секој патник од Велика Британија и Северна Ирска што влегува во земјата на било кој граничен премин задолжителниот карантин во домашна изолација да ги спроведува врз основа на изјава која ќе ја пополнува на граничниот премин при влез во земјата.

Патниците што транзитираат имаат обврска земјата да ја напуштат во рок 24 часа.

ИЈЗ неделен извештај

Во извештајот на ИЈЗ, е наведено дека од почетокот на коронакризата, во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (69,0%), кашлица (40,4%), малаксаност (40,3%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,1%), главоболка (22,2%), мускулна болка (18,2%), болка во грло (14,9%), треска (13,7%) и отежнато дишење (10,1%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (59.893; 76,4%), кај 14.063 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (59.893; 76,4%), пријавени се 385 (0,6%) случаи кај бремени жени, од кои 61 била хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 109 се асимптоматски случаи.

Од 59.893 истражени случаи, кај регистрирани се 2.954 (5,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 18.208 (30,6%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 12.463 лица имаат кардиоваскуларна болест, 4.693 дијабет, 2.525 се со хронична белодробна болест и 3.361 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.093 (62,6%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 2.314 смртни случаи, 1.460 смртни случаи кај лица од машки и 854 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.656 (71,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (1.278), дијабет (587) и белодробна болест (262). Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 21 смртни случаи кај здравствени работници. Сто четириесет и четири (6,2%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 2.170 (93,8%) починале за време на хоспитализација.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751.

Слични содржини