Епидемиолошката состојба се подобрува, можно е укинување на мерката за носење маски на отворено

од Берта Китинска
262 прегледи

Епидемиолошката состојба во земјава се подобрува, бројот на новозаразени лица и хоспитализирани се намалува.

Комисијата за заразни болести според најавите треба да одржи состанок следната недела и да донесе одлука дали ќе има олабавување на мерки.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера најавил дека е можно да биде укината мерката за носење заштитни маски на отворен простор.

„Можно е…Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1- ви јуни“, вели Филипче во изјава за ТВ 21.

Редакцијата на „Локално“ од свои извори, уште вчера информираше дека маските нема да бидат задолжителни на отворено од 1.јуни.

Во моментов на сила е полицискиот час кој започнува од полноќ до 4 часот наутро, а угостителските објекти смеат да работат до 23:30 часот.

Слични содржини