Тех гигантите “Епл” и “Амазон” се приклучија кон борбата за дистрибуција на филмовите за британскиот агент Џејмс Бонд, објавија американски медиуми.
Додека компанијата “Ворнер Брос” продолжува да е водечки претентдент за стекнување на целосните авторски права за филмската франшиза (чиј договор со “Сони” истече во 2015 година по излегувањето на “Спектар”), таблоидот “Холивуд репортер” откри дека таа се соочува со сериозна и нетипична конкуренција во настојувањето.
Освен “Ем Џи Ем” и “ЕОН Продакшн” кои веќе 2 години се лакомат за можноста да ги шират екранизираните авантури на Агент 007, понуди за стекнување на целосните права врз холивудската продукција се упатиле уште од “Амазон” и “Епл”.
Според извори двете корпорации дури се подготвуваат да понудат сума повисока од онаа на кино студиото “Ворнер Брос”, кое по непотврдени податоци има намера да плати помеѓу 2 и 5 милијарди долари. Според “Холивуд репортер” сепак вклучувањето на “Епл” и “Амазон” во трката прикажува дека на масата седи нешто многу повеќе од филмските права за дистрибуција на кино серијалот за Џејмс Бонд. Имено – целата иднина на франшизата, ако цената се покаже доволна “Ем Џи Ем” да се откажат од досегашната делумна лиценца.