ЕПП е длабоко загрижена за ситуацијата во Македонија- притисок врз ВМРО ДПМНЕ!

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Европската народна партија изрази длабока загриженост околу последните настани во Македонија и ги осуди провокациите кои ги нарушуваат меѓуетничките односи, пренесува Алсат-М.

Во итната резолуција за Западен Балкан која се очекува да биде усвоена на Конгресот на Европската народна партија утре и задутре ќе одржи на Малта, од оваа партија ги повикуваат политичките лидери да ги избегнуваат радикалната реторика и постапките кои претставуваат закана за мирот и стабилноста.

Во итната проект-резолуција се истакнува и потребата од негување на добрососедските односи, како и зачувувањето на мултиетничкиот карактер на регионот преку мировна соработка. Истовремено, во овој документ, акцент е ставен и на потребата од брзо спроведување на реформите во судството.
Познавачите на меѓународни односи, поради обвиненијата за вмешаност во можни криминални и незаконски дела, неколкупати ја повикаа Европската народна партија да ја исклучи од своите редови партијата на поранешниот премиер Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ.