Ердоган до Грција: Немаме проблеми се додека не се плеткате со нас во Егејот

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја нема проблеми со Грција се додека Грците не прават проблеми во Егејското Море.

Турскиот радиодифузер ТРТ објави дека Анкара негодува за неколку провокативни дејства на Грција во регионот во последните месеци, вклучително и складирање оружје на островите во близина на границата со Турција.

„Испукавме „Тајфун“. Колку е дострелот на „Тајфунот“? Тој е 561 километар. Што направија Грците? Тие се вклучија во нападот. Весниците веднаш ставија наслови „ќе ја погоди Атина“. Немаме проблем се додека вие не се плеткате со нас во регионот на Егејот. Се додека не се плеткате со нас во Егејот, ние нема да се плеткаме со вас“, рече Ердоган на церемонијата во Анталија, јави Анадолија.

Агенцијата потсетува дека Турција во октомври ја тестираше својата балистичка ракета со краток дострел „Тајфун“.

Ракетата може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди.

На церемонијата во Анталија, Ердоган го поздрави развојот на домашната одбранбена индустрија, велејќи дека секоја земја и завидува со борбените авиони „Бајрактар ​​ТБ2“ и беспилотните борбени авиони „Кизилелм“.

Слични содржини