Ердоган: Холандија е прочитана, видовме што направи во Сребреница

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Ердоган со нов напад

Турскиот претседател Реџеп Ердоган тргна во нов напад кон Холандија покрај последните дипломатски спорови меѓу властите во двете земји.

“Познато е однесувањето на Холандија, а особено во морално и цивилизациски однос , ја  знаеме нејзината улога во извршувањето на геноцидот во Сребреница”, рече Ердоган.

Локално.мк потсетува дека силите на босанските Срби, предводени од генерал Ратко Младиќ, во почетокот на месец јули 1995-та година извршија масакар во заштитената енклава Сребреница. За неколку часови беа убиени над 8.000 лица. Енклавата беше заштитина територија од холандскиот контингент на УНПРОФОР во Босна и Херцеговина.