Реџеп Ердоган агиатира за позитивен одговор на претстојниот референдум за воведување на претседателско управување во Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека иднината на Европа ќе зависи од турските имигранти кои живеат во европските земји. Ова мислење на турскиот лидер го соопшти на митинг во провинцијата Гиресун, за време на кој тој агитираше во корист на промени во уставот – прашање кое ќе се решаваат на референдум за два дена .
“Иднината на Европа ќе ја дефинираат пет милиони наши браќа, кои се населиле таму”, го цитира Ердоган агенцијата Анадолија. Турскиот претседател повторно ги обвини властите на европските земји дека се непријателски расположени кон муслиманите. “Сега тие почнуваат да покажат дека се антиисламски настроени. Кај нив нема толеранција кон муслиманите”, рече Ердоган