Ердоган ќе продолжи со напорите за обновување на договорот за жито

од Nikola Popovski

Турција ќе продолжи со напорите за обновување на договорот за жито, кој беше суспендиран на 17 јули, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Продолжуваме со комуникацијата за повторно започнување и проширување на иницијативата за коридор за жито откако беше прекината на 17 јули. Убедени сме дека решението на прашањето за договорот за жито зависи од тоа како западните земји ќе ги исполнат своите ветувања, рече Ердоган на годишниот состанок на турските амбасадори, што го пренесуваше ТВ каналот ТРТ.

– Минатата недела разговаравме за ова прашање со рускиот претседател Владимир Путин. Се надевам дека ќе успееме да најдеме заеднички јазик, додал турскиот претседател.

Во последниве месеци, Русија мораше да бара повеќе бродови и сè повеќе да се потпира на „флота во сенка“ од носачи на жито управувана од турски и кинески компании, изјавија извори за Ројтерс.

Според прогнозата на Меѓународниот совет за житарки, извозот на пченица од Русија во земјоделската година што започна во јули ќе изнесува 44,7 милиони тони – приближно исто како и претходната година, а на житото воопшто – 54,6 милиони тони.

Слични содржини