Ердоган: Можеби ќе ја шокираме Шведска со одлуката за членство на Финска во НАТО

од Nikola Popovski
129 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција може да донесе одлука за членство на Финска во НАТО, што може да ја „шокира“ Шведска.

– Доколку е потребно, можеме да испратиме друг одговор за Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе ѝ дадеме поинаков одговор на Финска, рече Ердоган за време на средбата со млади во турскиот град Билечик, пренесува Спутник.

На 18 мај минатата година Финска и Шведска ги доставија своите барања за прием во Алијансата до генералниот секретар на НАТО, а досега го ратификувале 28 членки, а Турција и Унгарија не го сториле тоа.

Министерот за надворешни работи на Шведска, Тобијас Билстром, пред два дена изјави дека поради палењето на Куранот во Стокхолм, процесот на пристапување во НАТО е прекинат, но изјави дека се надева оти договорот со Анкара ќе биде постигнат на самитот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, што ќе се одржи во јули во Вилнус.

Претходно шефот на финската дипломатија Пека Хависто изјави дека е можно постапката за ратификација на барањето на земјата за членство во Северноатлантската алијанса да продолжи одвоено од Шведска, но тој подоцна ја повлече таа изјава.

Слични содржини