Ердоган: Можеме да ја прифатиме Финска во НАТО, но без Шведска

од Stefanija Kuzmanovska
114 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прв пат изјави дека Анкара може да ја прифати Финска во НАТО, но без Шведска.

„Ако е потребно, можеме да дадеме поинаков одговор во врска со Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе дадеме поинаков одговор за Финска“, рече Ердоган неколку дена откако Анкара ги прекина преговорите за пристап во НАТО со двете земји.

„Ако апсолутно сакате да влезете во НАТО, ќе ни ги вратите тие терористи“, рече тој, мислејќи на Шведска, која има поголема курдска дијаспора од Финска и посериозен спор со Анкара.

Финска и Шведска поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Турција и Унгарија се единствените членки на НАТО кои не ги ратификуваа кандидатурите на овие две земји со гласање во парламентот.

Слични содржини