Ердоган по разорниот земјотрес: „Ќе ја преживееме оваа катастрофа“

од Stefanija Kuzmanovska
105 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се огласи по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди јужниот дел на Турција, Либан и Сирија.

Според последните информации, бројот на загинати во Турција е зголемен на 284, објави потпретседателот Фаут Октај. Според него, повредени се 2.323 лица, пренесува „Ројтерс“.

„Нашите спасувачки екипи веднаш беа испратени во подрачјата погодени од земјотресот. Нашите институции веднаш почнаа со работа. Се надеваме дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа што е можно поскоро и со најмала можна штета“, порача Ердоган на Твитер.

Да потсетиме, епицентарот на земјотресот бил на околу 3 километри од градот Газинтеп на длабочина од околу 10 километри. Првиот земјотрес беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а следниот околу 6,7, проследен со серија помали последователни потреси.

Првите прелиминарни податоци покажуваат дека само на југот на Турција се уништени или урнати 130 згради. Уривање на објекти е забележано и во Шрија, но засега нема детални информации за тоа.

Слични содржини