Реџеп Тајип Ердоган победи во вториот круг од турските претседателски избори со 52,14 отсто од гласовите, ги објави официјалните резултати претседателот на Високата изборна комисија, Ахмет Јенер.
Вчера Јенер изјави дека по 99,43 отсто отворени гласачки кутии, ривалот на Ердоган, опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто од гласовите, пренесе „Ројтерс“.
Јенер изјави дека Ердоган добил повеќе од два милиони гласови повеќе од Киличдароглу и дека непреброените гласови нема да го променат резултатот.