Ердоган порача: Очигледно е дека изборот на нашата нација е во наша корист

од Stefanija Kuzmanovska

Рекордно високиот одѕив на неделните избори во Турција се чини дека нема да му дозволи на актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган да ја оствари победата во првиот круг, како што најави пред објавувањето на официјалните резултати, но тој вели дека тоа не го намалува фактот дека изборот на нацијата е во негова корист.

„Фактот што изборните резултати сè уште не се финализирани не го намалува фактот дека изборот на нашата нација е очигледно во наша корист“, рече Ердоган, обраќајќи им се на толпата свои поддржувачи од балконот на седиштето партијата на правдата и развојот (АКП) во Анкара, пренесува лондонски „Гардијан“.

И покрај тоа што турскиот Врховен изборен совет (ИСК) соопшти дека пребројувањето на гласовите сè уште не е завршено ниту за парламентарните ниту за претседателските избори, Ердоган тврди дека неговата политичка опција освоила мнозинство.

Главниот ривал на Ердоган, кандидатот на Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу, ѝ се обрати на јавноста со нешто поумерен говор.

„И покрај сите негови лаги и напади, Ердоган не го доби посакуваниот исход. Никој не треба да биде воодушевен што изборите се веќе сега завршена работа. Изборите не се добиваат на балкон“, рече Киличдароглу и изрази уверување дека „дефинитивно“ ќе победи во вториот круг од овие избори.

Прелиминарните резултати покажуваат дека Ердоган нема повеќе од 50 отсто од гласовите, иако тоа го очекуваше, а тоа покажува дека неговата партија повеќе не ја ужива истата популарност.

„Во тек е процесот на внесување на изборни податоци. Ако нацијата се одлучи за втор круг, ние го поздравуваме тоа“, рече Ердоган.

Слични содржини