Ердоган разочаран од одлуката на САД да го признае геноцидот врз Ерменците

од Aleksandar Petrovski
185 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја е „длабоко повредена“ од резолуцијата на Претстваничкиот дом на американскиотѕ Конгрес која масовните убиства на Ерменците, што пред повеќе од 100 години ги сториле Турците, ги препознала како геноцид.

Овој потег беше јасен приговор за Турција заради нејзината инвазија на северот од Сирија, пренесоа американските медиуми.

На прес конференцијата во Белата куќа Ердоган кажа дека оваа мерка потенцијално може да фрли „длабока сенка на нашите билатерални односи“.

Историчарите проценуват дека околу 1,5 милиона Ерменци се убиени меѓу 1915 и 1917 година, а многу научници тоа го гледаат како првиот геноцид во 20. век. Турција ја оспорува оваа дефиниција.

Ердоган дополни дека носителите на оваа одлука за настани од пред 104 години треба да бидат историчари, а не политичари.

Слични содржини