161
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека реакцијата на властите на разорните земјотреси на југот на земјата не била толку брза колку што би сакала владата и додаде дека бројот на загинати во земјотресите во Турција се зголемил на 18.991.
Тој додаде дека некои луѓе ограбувале пазари и продавници по земјотресот и дека прогласената вонредна состојба во погодените области ќе ѝ даде на државата овластување да ги примени потребните казни, објави „Ројтерс“.
Повеќе од 21.000 луѓе загинаа, а најмалку 78.124 се повредени во исклучително силните земјотреси што овој понеделник ги погодија јужна Турција и Сирија.