Ердоган стро се нафрли во НАТО дека не ѝ помага на Турција во Сирија

од Vladimir Zorba
89 прегледи

 .Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше НАТО за тоа дека не ја поддржува тековната воена операција на земјата против сириските курдски борци во Сирија, соопштува “Асошиетед прес”.

– НАТО каде си?, праша Ердоган, обраќајќи се пред своите поддржувачи. Притоа тој ја обвини Алијансата за двојни стандарди.

Ердоган, исто така, посочи дека Турција ја испрати својата војска во конфликтни зони кога беше побарано да го стори тоа, но за возврат не добива поддршка.

Турскиот претседател го повика НАТО да ја поддржи неговата земја, истакнувајќи дека „нејзините граници во моментот се изложени на закана”.

Турција на 20 јануари ја започна воената операција „Маслиново гранче“ во реонот на сибирскиот град Африн, насочена против сириските Народна сила и Партија за демократски сојуз, кои Анкара ги смета за терористички организации поврзани со нелегалната Курдистанска работничка партија.