Ердоган: Турција ќе продолжи со операциите против Работничката партија на Курдите доколку се запре разоружувањето

од Даниел Ѓорѓиевски
187 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе продолжи со операциите против забранетата милитантна Курдистанска работничка партија (ПКК) доколку процесот на разоружување на групата биде запрен или не се исполнат ветувањата.

Ердоган ова го изјави на настан во Истанбул на првиот ден од светиот муслимански месец Рамазан, објави Ројтерс.

ПКК, која Турција ја смета за терористичка организација, објави прекин на огнот со Анкара како одговор на повикот на нејзиниот лидер Абдула Оџалан, објавија претходно денеска турските медиуми.

Слични содржини