Според последните истражувања на јавното мислење пред изборите во Турција, кои ќе се одржат на 14 мај, главниот противник на Реџеп Таип Ердоган за претседателската функција, Кемал Киличдароглу, има поддршка од над 50 отсто од испитаниците.
Анкетите, спроведени по разорниот земјотрес на 6 февруари, покажуваат дека Киличдароглу како претставник на најголемиот дел од турската опозиција води пред првиот круг гласање, објави Ројтерс.
Според извештаите, за него во анкетите на 7 мај гласале 50,9 отсто од испитаниците, а за Ердоган 45,4 отсто.