Ердоган: Земјотреси како атомски бомби, бројот на загинати се искачи на 35.418

од Stefanija Kuzmanovska
99 прегледи

Бројот на загинати во земјотресите кои минатиот понеделник ја погодија јужна Турција се искачи на 35.418, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган рече дека двата земјотреса минатата недела биле со јачина на атомска бомба, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека по земјотресот е невозможно да се живее во стотици илјади згради на југот на Турција.

Слични содржини