Ереван: Полицијата на протестите приведе приврзаници на опозицијата

од Stefanija Kuzmanovska

За време на денешните протести на приврзаниците на ерменската опозиција во Ереван, полицијата уапсила 244 активисти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Ерменија, а пренесува ТАСС.

Откако Пашанијан во парламентот зборуваше за потребата од потпишување мировен договор со Азербејџан, минатиот месец во Ерменија повторно започнаа протестите со барање за оставка на премиерот.

Ерменија и Азербејџан се во повеќедецениски конфликт околу сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах, кој е дел од Азербејџан, но е под ерменска контрола од раните 1990-ти.

Слични содржини