Ериксон ги суспендира сите деловни активности во Русија, најавено и колку ќе чини

од Vladimir Zorba

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон утринава објави дека ги суспендира сите деловни активности во Русија, проценувајќи ја цената на потегот на 95 милиони долари.

„Со оглед на неодамнешните настани и санкциите на Европската унија, компанијата го суспендира бизнисот со клиентите во Русија на неодредено време“, се вели во соопштението.

Компанијата ќе издвои 900 милиони шведски круни (95 милиони долари) во првиот квартал за оштетување и други вонредни трошоци поврзани со овој потег.

Ериксон ги паузираше испораките до клиентите во Русија во февруари, забележува Ројтерс.

Слични содржини