Ертел потпиша за руски Зенит и стана „предавник“ за Французите

од Nikola Popovski

Францускиот кошаркар Томас Ертел и официјално стана член на руски Зенит од Санкт Петербург

Кошаркарската федерација на Франција пред почетокот на Европското првенство побара од сите репрезентативци да потпишат дека нема да настапуваат за клубови од Русија и Белорусија.

Ертел тогаш не се појави со соиграчите во Париз, а сега реши да потпише за богат руски клуб, па во татковината веќе го нарекуваат предавник.

Тоа практично значи дека Ертел ја заврши својата епизода во селекцијата на Франција.

Французинот потпиша едногодишен договор со Зенит со можност за продолжување на уште една сезона.

 

Слични содржини