Во Македонска Каменица заврши есенската акција за заловување кучиња скитници. Како што информираше градоначалничката Соња Стаменковска спроведувањето на акцијата се реализирало со помош на ветеринарна служба од Куманово која заловените кучиња скитници во понатамошниот третман ќе ги смести во стандардизирано прифатилиште.

За заловување на кучињата скитници од општината за тековната 2018 година се издвоени средства во висина од 295 илјади денари. Во текот на досегашните акции во Македонска Каменица се заловени над седумдесетина кучиња скитници