Иако се уште секојдневно имаме висок број на заболени лица со ковид, министерот за здравство Венко Филипче вели дека есенскиот пик е помина и дека нема потреба од воведување на полициски час.
Полициски час нема да промени ништо, нема ниту други нови превентивни мерки за спречување на заразата, оти досегашните даваат резултати.
„Евидентно е дека сме на едно плато. Пред една недела или нешто повеќе, беше регистриран најголемиот број на случаи, во еден ден имавме 1.400 и од тогаш бројката лесно се намалува, а ние тоа го чувствуваме и со притисокот кон болниците. Сега сметаме дека нема потреба да се препорачува ништо друго и да објаснам зошто. Полициски час по 21 часот навечер практично сметаме дека нема ништо да донесе“, изјави тој.
Донација од 13500 брзи тестови
Кралството Норвешка донираше 13.500 брзи тестови, од кои 10.000 за Министерството за здравство. На денешното примопредавање на донацијата присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче.
„Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот Протокол за донација меѓу министерката Радмила Шекеринска и норвешкото одбранбено аташе, ппк. Егил Далтвејт. Од прогласувањето на кризната состојба, Министерството за одбрана се вклучи во помош за справување со ковид кризата“, објави Филипче.
Редици пред Сити мол за „Блек Фрајдеј“
Кризната состојба во државата и големиот број на заразени лица со коронавирус, не ги спречија граѓаните од посета на продавниците во Сити мол, по повод „Блек Фрајдеј” (Црн петок).
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од редици луѓе кои чекаат да влезат и да почнат со шопинг. Актуелните мерки против коронавирус предвидуваат да нема групирања на повеќе од четири луѓе на јавен простор.
Министерот упати благодарност до Кралството Норвешка и нивното Министерство за одбрана за оваа многу значајна помош и поддршка за нашата земја и додаде дека од понеделник, Воено медицинскиот центар со тим од 12 лекари и 20 медицински сестри ќе се вклучат во работа на ковид одделенија во Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 59.701, бројката на оздравени пациенти е 36.825, на починати е 1.658, а бројот на активни случаи изнесува 21.218.