Ешрефи доби 13 години затвор за убиството на матурантот Ангел

од Берта Китинска

Судскиот совет на обвинетиот Насер Ештрефи во случајот со убиството на Ангел Петковски му изрече затворска казна во времетраење од 13 години.

Ештрефи, во 2015 година со одлуката на Основниот кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, што беше потврдена од скопската Апелација. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетитот Ештрефи е вратено на повторно одлучување.

Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014-та година, во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец.

Слични содржини