Ештон Качер ја принудувал Деми Мур да имаат секс во тројка

од desk2

Холивудската sвезда Деми Мур (56) тврди дека нејзиниот поранешен сопруг Ештон Качер (41) неколкупати ја изневерувал и ја принудувал да имаат секс во тројка во текот на нивниот осумгодишен брак. Славната актерка за својот заеднички живот со Качер напишала во нејзината книга под наслов „Inside Out“, во која инаку ги изнела овие шокантни детали.

Деми тврди дека Ештон ја изневерувил двапати. Според наводите на порталот „Радар онлајн“, Ештон сакал да го „зачини“ сексуалниот живот со Деми, па сакал да експериментира со „тројцата“, што актерката тоа никако не го сакала.

Деми Мур го откри и идентитетот на жените со кои ја изневерувал во текот на нивниот брак.

Славната двојка ја започна врската во 2003 година, а две години подоцна се венчаа. По разводот, Ештон се врати на својата стара љубов, актерката Мила Кунис, со која на крај и се ожени, и доби две деца.

Слични содржини