Ескобар на заминување со порака: Добивме уверување од раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат

од Nikola Popovski
457 прегледи

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американски специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар очекува дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат. Тој додава дека „добиле уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија (ВМРО-ДПМНЕ) која победи на изборите, дека ќе останат посветени на тој пат“.

-Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО, изјавил Ескобар во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет.

На денот на двојните изборви во земјава, Ескобар во изјава истакна дека е среќен што неколку земји од Западен Балкан солидно се движат на патот на евроатлантските интеграции, особено, како што рече, Албанија, Северна Македонија и Црна Гора, кои се особено ангажирани во овој процес.

Ескобар на онлајн прес-конференцијата објасни дека мандатот на неговата функција е всушност две години, но побарал да остане уште една година, бидејќи верувал дека ќе има поголем напредок во имплементација на Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина и примената на ЗСО, како и пристапот на Косово кон ЕУ.

Слични содржини