Ескобар: С.Македонија треба да смета на САД при своите предизвици, сакаме да ве видиме во ЕУ

од Vladimir Zorba
343 прегледи

Помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар на денешната прес-конференција со премиерот на С.Македонија, Димитар Ковачевски посочи дека земјава е вистински пријател и сојузник на САД.

– Во последниве неколку години С.Македонија им помогна на САД за Авганистан, Украина, како претседавач на ОБСЕ и најново ни помогна да постигнеме историски договор за Косово за нормализација што ќе даде придонес за целиот регион. Но сакам да споменам дека на секој чекор од американските предизвици ние сметаме на земјава и сакаме таа да смета на нас при своите предизвици. Партнерството кое го доживеавме, степенот на поддршка за заштита на вредностите и проширување на демократијата, С.Македонија постојано беше со нас и како резултат на партнерството што го имаме во Европа, сакаме да ве видиме во ЕУ, рече Ескобар.

Тој додаде дека во смисла на проширувањето на Унијата, секогаш велел дека Западен Балкан е најнадежниот делод Европа во моментот и дека имаат најбрз економски раст, со огромен потенцијал да дадат придонес во енергетиката, бродоградежништвото, транспортот, информатичката технологија и многу други сектори кои ќе придонесат кон растот на ЕУ и проширувањето на транс-атлантската заедница.

– Европа и Америка имаат потреба од вас, вие сте стратешки партнер и близок пријател, некој кој имал директна корист од тоа партнерство и вие сакаме да имате корист од тоа партнерство во носењето на тешките одлуки кои ќе донесат посветла иднина, заврши Помошникот државниот секретар на Соединетите Американски Држави во своето обраќање.

Слични содржини