Ескобар: Владата на С. Макединија е добар партнер во спроведувањето на агендата за евроинтеграција на земјата

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Северна Македонија ги направи сите неопходни реформи за да ја отвори првата врата кон ЕУ, а Владата има капацитет да го направи тоа што треба за земјата да стане полноправна членка на Унијата, изјави Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан.

На настан посветен на евроатлантската иднина на регионот одржан синоќа во Атлантскиот совет во Вашингтон, тој изјави дека македонската Влада е добар партнер во спроведувањето на агендата за евроинтеграција на Северна Македонија

-Тие се добар и посветен партнер и ќе обезбедат придобивки и за ЕУ, рече тој.

Според него, процесот на пристапување треба да биде побрз, потенцирајќи ги внатрешните грижи во Унијата.

-Има гласачи кои навистина се грижат што би направило проширувањето за нив. И мислам дека тоа е работа за сите нас да ги убедиме дека Европската Унија ќе биде посилна и ќе биде попросперитетна со овие земји, рече Ескобар, алудирајќи на Северна Македонија и Албанија.

Слични содржини