ЕЦБ: Дигиталното евро би било дополнување на готовината

од Vladimir Zorba

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард рече дека доколку се воведе, дигиталното евро „ќе ја надополнува готовината и нема да ја замени“.

„ЕЦБ проучува како дигиталната валута може да понуди практични и бесплатни средства за плаќање што им овозможува на луѓето да плаќаат насекаде во еврозоната со дигитални пари без ризик“, додаде таа.

Конечната одлука за можното воведување на дигиталното евро ќе биде донесена во 2024 година, изјави гувернерот на ЕЦБ.

Говорејќи пред Европскиот парламент по повод 20-годишнината од воведувањето на банкнотите и монетите евра, Лагард ја истакна важноста на единствената валута како „камен-темелник на европската историја“ и „најголемата светска промена на парите“.

Таа додаде дека ЕЦБ, која е „чувар на еврото“, ќе го промени дизајнот на банкнотите за да се осигура дека тие „ќе продолжат да бидат безбедни, добро прифатени и ефективно средство за плаќање“.

Лагард неодамна ги истакна дискусиите за дигиталното евро како еден од приоритетите на ЕЦБ во блиска иднина.

Претходно, членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Фабио Панета истакна дека „прототипот“ на дигиталната валута ќе биде претставен во 2023 година.

Слични содржини