ЕУ го осуди севернокорејското лансирање на балистичка ракета

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска „остро“ го осуди севернокорејското лансирање на балистичката ракета која прелета над Јапонија, нарекувајќи го тоа „неоправдана агресија“.

Лансирањето на ракетата, што го активираше системот за тревога на Токио, „е намерен обид“ да се загрози безбедноста на регионот, напиша Чарлс Мишел на Твитер.

„Европската унија стои во солидарност со Јапонија и Јужна Кореја“, додаде тој.

Медиумите во источна Азија денеска објавија дека вооружените сили на Северна Кореја утринава по локално време истрелале балистичка ракета со среден дострел, која прелетала низ јапонскиот воздушен простор и поминала околу 4.600 километри пред да падне во водите на Тихиот Океан.

Лансирањето на ракетата го осудија и САД.

Слични содржини