ЕУ и НАТО ќе работат на пакет проекти против сајбер закани

од Vladimir Zorba

ЕУ и НАТО ќе работат заедно на пакет од 40 проектот за практична соработка, кои вклучуваат сузбивање на хибридните и сајбер заканите и зајакнување на морската безбедност, соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. На заедничката прес-конференција со Столтенберг високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини прецизира дека реализацијата на проектите започнува веднаш.

5193921
„Ова е само почеток на нашата работа. Реализацијата на овие проекти започнува утре и можам да истакнам дека сите членки на ЕУ се исклучително задоволни од резултатите на работата со НАТО “. На министерскиот состанок на првите дипломати на земјите од НАТО во Брисел учествуваат Финска и Шведска, кои се само-членки на ЕУ.

Слични содржини