Министерството за надворешни работи на Кина денес ги негираше тврдењата дека Пекинг шири дезинформации за коронавирусот.
Кина го изјави ова откако Европската унија минатата недела објави извештај во кој се вели дека има „значаен доказ“ за тајните кинески операции на социјалните мрежи.
„Кина се спротивставува на создавањето и ширење дезинформации од кога било или која било организација. Кина е жртва на дезинформации, а не нивен создавач“, изјави портпаролот на министерството на редовната прес-конференција.
Според извештајот на Европската унија, владата на Русија е одговорна за ширење на дезинформации за коронавирусот, покрај кинеските власти и другите влади.
Ројтерс претходно извести за наводен притисок на високи кинески официјални претставници врз Брисел да не ги објавуваат критиките на штета на нивната земја, тврдејќи дека тие „многу ќе го налутат“ Пекинг.