ЕУ: Наскоро со шести пакет санкции за Москва

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Шестиот пакет санкции на Европската унија против Москва, како одговор на рускиот напад врз Украина, се очекува „многу наскоро“, изјави денеска европскиот комесар за енергетика, Кадри Симсон.

Таа рече дека се уште не е потврден точниот датум на усвојување на новите мерки, бидејќи за нив ќе биде потребно одобрение од сите земји од ЕУ, како што беше случајот, како што изјави, за претходните пакети санкции против Русија, пренесе Ројтерс.

Во моментов во Европската унија нема договор за воведување целосна забрана за увоз на руски енергетски извори, како што се гас и нафта, изјави вчера високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Слични содржини