ЕУ предупредува: Ризикуваме да останеме без заштитни средства

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Европската унија ги предупреди државите членки за ризик од недостаток на шприцови, марамчиња и заштитни средства што е потребна за потенцијална масовна вакцинација против Ковид-19 и ги повика да размислат за организирање на заедничка набавка, се вели во документот на ЕУ.

Европскиот блок, исто така, побара од владите на ЕУ заеднички да размислат за купување на повеќе вакцини против грип и зголемување на бројот на вакцинирани лица со цел да се намали ризикот од истовремени појава на грип и Ковид-19 во есен, објави Ројтерс.

Вакцината против Ковид-19 сè уште не е целосно развиена или одобрена, но земјите ширум светот сакаат да обезбедат снабдување со потенцијални вакцини кога ќе се покажат како ефикасни за да можат брзо да започнат со имунизација.

Шприцовите и другите предмети може да недостасуваат бидејќи се развиваат вакцини за „Ковид-19“, сподели Европската комисија на здравствените експерти од европските земји на состанокот минатата недела, се вели во резимето на извештајот, објавен на веб-страницата.

Може да има недостаток, предупреди ЕК, прашувајќи ги владите колку имаат резерви на шприцови, марамчиња, алкохол и опрема за лична заштита, како што се маски.

ЕК апелираше до земјите од ЕУ да размислат за организирање на заедничка набавка, а претставниците на Италија и Холандија изразија интерес, се вели во документот.

Заедничката набавка се смета за корисна за постигнување на подобри цени и избегнување владите на ЕУ да се спротивставуваат едни на други.

Слични содржини