ЕУ со предупредување кон Црна Гора по нападот врз новинарката Лакиќ

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Црна Гора може да претрпи неуспех во приклучувањето кон ЕУ ако не направи повеќе да ги заштити новинарите и медиумските слободи.

Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан денеска ја даде изјавата, по средбата со новинарката на дневниот весник „Вијести“ Оливера Лакиќ, која известува за криминал и корупција.

Лакиќ на 9 мај беше застрелана и повредена пред нејзиниот дом во главниот град Подгорица.

Пукањето беше „јасно дека е напад врз медиумските слободи, врз слободата на изразување, една од вредностите на ЕУ“, рече Хан./РСЕ