ЕУ: Урсула фон дер Лејен во четврток ќе се сретне со Вучиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во четврток ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на Светскиот економски форум во Давос, соопшти денеска ЕУ.

Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, на брифингот со новинарите во Брисел прецизираше дека претседателката на ЕК денеска ќе пристигне во Давос на Светскиот економски форум, каде утре ќе зборува на отворањето на овој состанок, а потоа ќе има серија билатерални средби.

Како што наведе, Фон дер Лејен во Давос ќе се сретне и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кинескиот премиер Ли Кечијанг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и унгарската претседателка Каталин Новак, а ќе учествува и на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“.

Слични содржини